Добродојдовте во 7Fast Food Skopje Welcome to culinary art.

Квалитет и традиција

" Нашата цел е НИКОГАШ да не ве разочараме "

Повеќе од 30 години Fast Food 7 внимателно ја гради и надоградува традицијата на единствен ланец за брза храна во Македонија базиран на принцип - квалитет. Со тоа, на потрошувачите им нуди здрави и високо квалитетни производи по сите европски стандарди. Со речиси 70 вработени, Fast Food 7 е единствен домашен бренд со свое централно производство и дистрибуција со возила - ладилници, до своите објекти низ целиот град. Со воведен НАССР сертификат, овој бренд е еден од ретките во Македонија кој користи суровини и свежо месо исклучиво од врвна А класа. Fast Food 7 е ретка потврда дека „брзата храна“ може да значи здрава и квалитетна храна.

Со постојано усовршување на своите производи и збогатување на понудата со текот на годините, Fast Food 7 прерасна во водечки бренд на овие простори и стана препознатливо обележје на главниот град. Од првобитниот мал и скромен објект, Fast Food 7 прерасна во бренд кој моментално располага со три Fast Food објекти, еден Скара ресторан и сопствен производствен погон со тенденција за понатамошно усовршување и развивање.

Освен усовршување на своето мени и збогатување на понудата, Fast Food 7 редовно организира разни промоции и промотивни пакети за своите потрошувачи. Fast Food 7 редовно учествува на социјално - општествени, културно - уметнички и спортски настани во Р. Македонија. Преку финансиска подршка, многубројни донации и соработки , учество на форуми, конгреси, семинари, студентски организирани настани, како и натпревари на клубско и репрезентативно ниво во кошарка и бокс, компанијата е добитник на многу признанија и благодарници.

Дали сте знаеле дека …

  • Седмица го добива своето име по датата кога за првпат започнува со работа 7 септември 1987 година
  • Плескавицата е составена од 100% врвно, А класа, јунешко месо
  • Иако менито со текот на годините се збогатува со нови производи, сеуште како и далечната 1987 год. брендот е препознатлив по највкусната плескавица и неповторливиот вкус на мајонезот

    Работа кај нас?

    Ако сте заинтересирани за вработување во нашата компанија Ве молиме испратете го вашето CV на info@7.mk

    испратете CV