25 години Традиција и Квалитет

Традиција и Квалитет
Fast Food 7 e основана далечната 1987 година од Славица Попова. Легендарната 7 почнува како мала сендвичара во центарот на Скопје во период кога приватниот сектор е ретка појава во минатиот систем. Само со скромни 15м2 и шалтерски начин на послужување, со 2 вработени со текот на годините Fast Food 7 ќе прерасне во култ на брзата храна во градот Скопје и балканските простори. Fast Food 7 наскоро ќе стане landmark на Скопје?
Од каде доаѓа името седмица?Дали дека опфаќа муштерии од старосна група од 7 до 77 години?
Одговорот е не, Седмица го добива своето има по датумот кога е внесена во деловниот регистар и официално започнува со работа, 7 септември 1987 год. Во 2005 година е отворен и вториот ресторан за брза храна за фановите на седмица во населбата Аеродром, а во 2009 година брендот седмица за првпат го промовира и својот прв Скара ресторан во центарот на Скопје со цел да понуди на скопјани нова поразлична палета на производи со врвен квалитет. Fast Food 7 е единствен домашен бренд во својата бранша со свое централно производство, со воведен HACCP сертификат за безбедност на храната.
Брендот 7 е најдобра но ретка потврда дека и “брзата храна” може да се развива не само во правец на технолошки прогрес, туку и во зачувување на традиционалните еснафски вредности, промовирани преку сопствен идентитет и огромна посветеност кон своите муштерии.
Денес Fast Food 7 е семеен бизнис кој се базира на принцип – квалитет, квалитет, квалитет, неповторлив седмица вкус, прифатлива цена.
Нека ни е со среќа 25-от јубилеј !!!